За неговиот нов филм Бред Пит доби одело, гаража и место покрај Ф1 возачите

Холивудскиот актер Бред Пит, кој ќе глуми Ф1 возач во неговиот нов филм, беше виден во возачко одело во Силверстоун за време на викендот за трката за големата награда на Велика Британија во Формула 1.

Ѕвездата и неговиот колега Демсон Идрис беа забележани црно-бели тркачки одела на гридот на патеката Нортхемптоншир во неделата. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон помага во продукцијата на моментално ненасловениот филм на Apple.

59-годишниот Пит за Sky Sports изјави дека „малку му се врти во глава во моментов“.

„Одлично е да се биде овде“, рече тој. „Супер си поминуваме“.

Оскаровецот ја игра улогата на возач ветеран кој се враќа на гридот по 30-годишно отсуство. Филмот се прави во соработка со Ф1, обезбедувајќи му на проектот посебен пристап до тркачките патеки и возачите.

Пит и Идрис во тркачки одела се појавуваат покрај останатите возачи на Формула 1 како дел од измислениот тим APXGP. За потребите на снимањето исто така се креирани и две возила, кои се базирани на Ф2 автомобили, а измислениот тим има и своја гаража.

Пит му рекол на водителот на Sky Sports и поранешен Ф1 возач Мартин Брандл дека неговиот лик се преселил во трки во други дисциплини откако доживеал „ужасен судар“ во Ф1 и од него се бара да се врати за да му помогне на својот стар тим кој седи на дното на таблата.

Пит додаде дека филмот „треба да биде автентичен, колку што е тоа можно да се долови“, бидејќи тие вработиле експерти од Ф1.

„Луис, кој е и наш продуцент, навистина има намера да го почитуваме спортот, да го покажеме онаков каков што е“, рече тој.

„И морам да ви кажам, како цивил, немав поим што е потребно за да се биде возач и агресивност и умешност – тие се неверојатни спортисти кои ги почитувам многу, сите таму во сите класи“.

Снимањето треба да продолжи во текот на целата сезона на Ф1.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни