За милиони Европејци, одморот е сè уште недостижен

Иако овој број е сè уште висок, оваа бројка е во опаѓање петта година по ред и е најниска откако се евидентирани овие податоци

Речиси една третина од жителите на Европската Унија, кои живеат во ризик од сиромаштија, немаат можност да платат за одмор еднаш годишно.

Според податоците објавени од Евростат, 28,2 проценти од луѓето во ЕУ кои припаѓаат на таа група социјално ранливи граѓани не можеле да си дозволат ниту седум дена годишен одмор далеку од дома во 2023 година, пишува N1 .

Иако овој број е сè уште висок, оваа бројка е во опаѓање петта година по ред и е најниска откако се евидентирани овие податоци.

Ситуацијата е малку подобра кај вкупното население на ЕУ, каде што 17,9 проценти од граѓаните над 16 години не биле во можност да си дозволат седумдневен одмор.

Сепак, тоа покажува дека речиси секој петти граѓанин на ЕУ не може да си дозволи да оди на одмор.

Иако бројките се сè уште високи и укажуваат на социјална нееднаквост во земјите-членки на ЕУ, ова е исто така најниската стапка забележана во ЕУ досега, што покажува мал позитивен тренд на ниво на целата Унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни