За луѓето кои се плашат да ги изразат своите чувства

Како се однесува мажот кога потајно е заљубен во вас и нема храброст да ви ги искаже своите чувства? Астролозите ги откриваат неговите постапки врз основа на елементот на хороскопскиот знак!

Кога се појавуваат романтични искри меѓу двајца луѓе, има луѓе кои се плашат да ги изразат своите чувства. Некои мажи се плашат од одбивање, имаат проблеми со самодовербата и не знаат како да го отворат срцето, не се сигурни кои зборови да ги изберат, иако се силно заљубени.

Астролозите откриваат дека мажот покажува дека е тајно заљубен во вас според елементот на неговиот хороскопски знак:

Оган (Овен, Лав, Стрелец)

Најдобро ќе забележите преку неговиот хумор, тој постојано ќе се шегува со вас, можеби дури и ќе се задева. Можеби сака да предизвика реакција преку шеги за вас. Од страв да не ги откријат своите вистински чувства кон вас, Овенот, Лавот и Стрелецот знаат да прибегнуваат кон разни игри.

Земја (Бик, Девица, Јарец)

Тој се менува во ваше присуство. Се труди да остави впечаток на паметна и интересна личност. Психолозите потврдуваат дека луѓето намерно го менуваат својот говор и модели на однесување, обидувајќи се да излезат попаметни, поинтересни и попосакувани пред оние што им се допаѓаат. Тој сака да се фокусирате на неговите силни страни, па можно е дури и да се пофали.

Воздух (Близнаци, Вага, Водолија)

Ќе се преправа дека не чувствува ништо кон вас и ќе се однесува како да сте невидливи. Тој нема да бара контакт со вас и нема да каже ниту збор, дури и ако останете сами во собата со него. Ќе се однесува како да не сте му важни, иако го забележувате неговиот поглед кој го придружува вашето однесување. Сака да остави впечаток дека е ладен, но тоа е само илузија што ја создава поради неговата срамежливост. Не сака да биде смешен пред вас и затоа ретко го прави првиот потег.

Вода (Рак, Скорпија, Риби)

Ќе биде лукав кога се во прашање неговите чувства. Ако го погледнете, ќе го тргне погледот од вас за да не сфатите колку му значите. Нема да ви пишува пораки или да коментира на вашите фотографии, но ќе забележите колку сака да знае за вас, како искажува слични чувства кои ги имате и вие. Можно е често да им кажува на сите други за вас, па луѓето околу вас ќе откријат дека му се допаѓате пред да ви каже.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни