Search

За колку години се заработуваат милион евра во европските земји

Интересна мапа е споделена на страницата „Dalmatian Mapper“, покажувајќи колку години се потребни за да заработите милион евра во секоја европска држава. Предвид е земена просечната плата на секоја земја, па преку збир истражувачите дошле до резултат, односно одговор на прашањето: „Колку години би биле потребни да работите за да заработите милион евра?“.

На мапата, земјите во кои треба најмалку години да работите за да го постигнете тоа се означени со темно сина боја, додека оние каде ќе ви биде потребно најмногу време се обоени во темно црвени нијанси.

Кога станува збор за Македонија, таа е претставена со темно црвена боја. Според пресметките за да заработите милион евра ви се потребни 201 година. Во Србија таа бројка е 152 години, во Босна и Херцеговина 140 години, во Хрватска 87 години…

Меѓу земјите каде најбрзо може да стигнете до милион се: Швајцарија, само 15 години по што следуваат Исланд 22 години, Данска 26 години и Норвешка 27 години.

Извор: klix.ba

Најново

Последни колумни