За каков партнер сонуваат: Шкорпиите за верен, Рибите за романтичен…

Овен
Овенот ја цени довербата и независноста. Тој сака еднаквост во врската и партнер на кој може потполно да му верува, дури и да му ги довери своите најмрачни тајни.

Бик
Биковите сакаат додворување и затоа тие сакаат партнер кој ќе им покаже колку ги сака. Потребно е време да се стекне довербата на тврдоглавиот бик, па затоа му треба партнер кој ќе ги разбере сите негови „глупости“.

Близнаци
Немирните близнаци се со слободен дух и се многу големи дрдорковци. Тие сакаат енергичен партнер кој ќе биде во можност да држи чекор со нив, но и некој кој ќе ги слуша внимателно и се воодушевува на нивните авантури.

Рак
Нежните ракови се лојални и зависат од својот партнер, така што сонуваат за романтичен партнер кој е полн со разбирање. Тие бараат луѓе слични на себе и дури потоа го даваат своето срце, но само ако сметаат дека ја пронашле верзијата слична на себе.

Лав
Самоуверените лавови се навикнати луѓето да им се воодушевуваат, па ќе сакаат партнер кој ќе биде воодушевен со нив! Секако, лавовите не се толку себични и тие ќе му одговорат на својот избраник со исто внимание и воодушевување.

Девица
Најинтелигентниот и многу аналитички хороскопски знак, девицата секогаш прво ќе ја употреби логиката пред срцето кога е во прашање изборот на партнерот. Тие ќе бараат партнер кој им одговара пред сѐ на интелектуално ниво.

Вага
Слатките ваги се олицетворение на грациозност и гостопримство! Тие секогаш ќе бараат партнери коко што се самите тие, со манири и кои ќе ги третираат онака како што заслужуваат.

Шкорпија
Кога е во прашање љубовта, шкорпијата не игра игри. Секако, таа е исклучително љубоморна кога ќе го пронајде партнерот кој и одговара. А што бара таа во другата личност? Лојалност и секако подготвеност да експериментираат во сексот!

Стрелец
Вечен авантуриста. Стрелците ретко одлучуваат да и се посветат само на една личност, но кога ќе се случи тоа, тоа е за цел живот! Тие се во потрага за партнер кој ќе биде подготвен за различни предизвици.

Јарец
Независни и амбициозни, јарците ќе бараат партнер кој има слични планови како тие, и секако, тие кои се потполно посветени на кариерата. Ако го сакате вниманието на јарците, подгответе се да ги следите во чекор и никогаш не се откажувајте.

Водолија
Водолиите се со слободен дух, можеби дури и повеќе од близнаците. Тие сакаат авантури и спонтани луѓе, така што ќе бидат во потрага за партнер кој е всушност таков.

Риби
Најголемиот идеалист во хороскопот. Рибите секогаш ќе тежат кон романтика и приказни како од филм. Секој кој ги исполнува нивните фантазии за вечна љубов го сметаат за свој партнер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни