За гасење на запалена батерија од камион Тесла пожарникарите потрошиле 190 илјади литри вода

Калифорниските пожарникари морале да потрошат 190.000 литри вода на запалената батерија на електричен камион – шлепер „Тесла Семи“ за да го изгаснат пожарот и да ја изладат. Батеријата достигнала температура од 540 степени.
Фото: California Highway Patrol

Камион се запалил откако излетал од патот и удрил во дрво, соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот (NTSB).

Покрај тоа огромно количество вода, пожарникарите од хеликоптер испуштиле и течнот за забавување на пожари околу камионот, а поради пожарот патот бил затворен 15 часа.

Пожарникарите соопштија дека батеријата достигнала температура од 540 степени Целзиусови додека горела.

По тој пожар на 19 август, НТСБ вели дека ќе ги разгледа ризиците од пожар од големите литиум-јонски батерии на камионот.

Агенцијата откри дека ниту еден од делумно автоматизираните системи за спречување судири и помош по судир на Tesla не работел во камионот и дека тие системи „не можело да се вклучат“. Откако камионот бил извлечен од патот, пожарникарите го надгледувале 24 часа бидејќи литиум-јонските батерии можат повторно да се запалат по гаснењето на пожарот.

По истрагата во 2021 година, НТСБ откри дека пожарите на батериите на електричните возила со висок напон претставуваат ризик за првите лица кои реагираат и дека упатствата на производителите на возила и батерии за тоа како да се гаснат пожарите се несоодветни.

Тесла испорачува електрични камиони со полуприколки од декември 2022 година. Извршниот директор Илон Маск тогаш рече дека тие електрични камиони имаат досег со полни батерии од 800 километри со 37 тони товар на приколката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни