За една година Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштета за напади од бездомни кучиња

Жителите на Скопје пријавуваат дека нападите од кучиња најчесто се случуваат во станбени населби, во близина на училишта и паркови

Скоrео 750.000 евра оштета на граѓани исплатил Град Скопје поради напади од бездомни кучиња.

Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени вкупно 440 тужби за нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници, а судовите донеле 383 правосилни одлуки врз основа на кои градот исплатил значителни финансиски средства на оштетените граѓани.

Жителите во повеќе скопски општини пријавуваат дека нападите најчесто се случуваат во станбени населби, во близина на училишта и паркови, што дополнително ја зголемува загриженоста за јавната безбедност. Дел од случаите завршуваат со полесни повреди, но има и посериозни инциденти кои бараат медицинска интервенција.

Во меѓувреме, институциите се соочуваат со критики дека системското решение за проблемот со бездомните кучиња доцни, и покрај постоењето на програми за нивен хуман третман и заловување. Според дел од извештаите, општините имаат обврски кон јавното претпријатие „Лајка“, но тие не се исполнуваат целосно, што дополнително го отежнува справувањето со проблемот.

Аналитичарите и дел од стручната јавност предупредуваат дека ваквиот тренд создава финансиски оптоварувања за градскиот буџет, но и континуиран ризик за безбедноста на граѓаните, особено во густо населени урбани средини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни