За една година 1000 лажни дојави за бомба на индиските аеродроми

До авиокомпаниите во Индија годинава биле испратени речиси 1.000 лажни закани за бомби, јави Анадолија.

Индискиот министер за цивилно воздухопловство Мурлидар Мохол соопшти дека добиле 122 лажни закани за бомби во 2023 година, а тој број се зголемил на 994 во 2024 година, објави „Хиндустан Тајмс“.

Според официјалните податоци, 680 од овогодишните пријави биле во октомври.

Наведувајќи дека лажните закани за бомби негативно влијаат на летовите, Мохол рече дека владата подготвила итен план за спречување на овој проблем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни