За добар сон пијте „син чај“ 

Луѓето во многу земји со векови консумираат чај. Но, одредени истражувања покажале дека најмногу чај се пие во Кина, Тајланд, Виетнам, Бали и Малезија. Таму чајот дури се користи и за готвење, боење ткаенини или правење на козметички балзами. 

Луиѓето таму веруваат дека синиот чај е „лек за се“ благодарение на неговите различни здравствени придобивки. Пијалокот, познат и како чај Улонг, е традиционален во Кина и има синкава нијанса.

Се прави од растението Camellia sinensis. Може да ја менува бојата во зависност од тоа, со што се меша поради неговата pH вредност и има вкус поблизок до оној на зелениот чај отколку црниот чај. 

Според Шпанската фондација за срце, супстанциите во синиот чај ги активираат органолептичките својства и го спречуваат развојот на болести како што се рак, миокарден инфаркт, мозочен удар, невродегенеративни процеси и патологии на имунолошкиот систем. Напитокот исто така ги поддржува респираторните функции, го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта и го штити црниот дроб. 

Пиењето шолја син чај ги намалува штетните концентрации на триглицериди и лошиот ЛДЛ холестерол додека го зголемува нивото на добриот ХДЛ холестерол, спречува атеросклероза, срцев удар, згрутчување на крвта или хипертензија. Помага и при дијабетес, бидејќи присуството на фенолна киселина го подобрува лачењето на инсулин, го регулира метаболизмот на гликозата и спречува прекумерна апсорпција на шеќер. Улонг чајот, исто така, ви помага да спиете подобро навечер со тоа што помага во релаксација на мускулите бидејќи не содржи кофеин. Го подготвува телото за длабок и продолжен одмор, поради што се препорачува за луѓе кои страдаат од нарушувања на спиењето. 

Благодарение на неговата висока содржина на антиоксиданси, чајот помага во сузбивање на дејството на слободните радикали и го подобрува здравјето на кожата спречувајќи појава на брчки. Се верува дека е корисен и за егзема и изгореници од сонце. Присуството на биофлавоноиди го поттикнува растот на косата, помага да се згусне и ја одржува нејзината природна боја. Иако може да се конзумира во секое време од денот, експертите препорачуваат да се пие после оброк бидејќи го помага варењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни