УХМР прогнозира дека денешниот ден ќе биде сончев и топол со температури, под 38-от степен.
Според УХМР попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец.
Со денешниот ден се очекува топлиот африкански бран што ја зафати нашата земја и регионот и донесе рекордно високи температури, конечно да заврши. Прогнозите се дека до средината на следната седмица температурите да опаднат за 8 до 10 степени.