За да не се здебелите во зима практикувајте „пар-непар“ исхрана 

Многу е полесно да се здебелите во зима отколку во лето, а најздрав начин за одржување на витка линија е да ги поделите деновите на парни и непарни. 

Потешката исхрана, прославите и празниците, како и намаленото движење најчестчите фактори за лесно дебелеење во зима. Затоа се важни неколку основни правила на здрав живот кои ќе ве спречат да ја дочекате пролетта со некој килограм вишок, советуваaт нутриционистите. 

Еве како функционира принципот на исхрана пар-непар. 

Најздрав начин за одржување на витка линија е да ги поделите деновите на парни и непарни. Во текот на парните денови, придржувајте се до само три оброци кои ќе се засноваат на протеини и растителни влакна. Користете ја формулата според која чинијата ќе ја поделите на три дела – една третина наполнете со протеини, а две третини со растителни влакна, односно со сезонски зеленчук што можете да го најдете на пазар или во супермаркет – предлагаат нутриционистите. 

Кога станува збор за протеините, односно една третина од чинијата, се зема во предвид парче месо со големина на вашата дланка, но не целото, туку до половина прст или парче младо сирење исто така со големина на дланка, до половина прст. Кога избирате риба, таа може да биде со големина на вашата дланка и малку повеќе. 

За оброк можете да изедете 2-3 јајца, а што се однесува до туната, можете да земете поголема конзерва.

Во непарните денови, ручекот и вечерата се исти како и во парните денови, единствената разлика е што појадокот е различен и што сега имате ужина. Тоа значи дека во непарни денови можете да имате четири оброци. За појадок, тоа може да биде овесна каша, варени зрна од некое жито, како на пример, просо, хељда, пченица, спелена или качамак. Кога подготвувате овесна каша, ноќта пред појадокот, натопете 4-5 лажици во шолја јогурт, а потоа наутро додадете семки, јаткасти плодови и овошје. 

Ако подготвувате некоја житарка, нека биде тоа една шолја која можете да ја прелиете со млеко или јогурт или само да додадете малку гриз, јаткасти плодови и свежо овошје. 

На палентата или качамакот можете да додадете малку сирење или крем и дефинитивно зеленчук во количина што одговара на големината на вашата тупаница. 

Ако сте вклучиле овошје за појадок, тогаш за ужина јадете зеленчук што е еквивалентен на големината на вашата тупаница, на пример сечкана и зачинета краставица, бибер, келера… Ако сте појадувале качамак, со кој сте јаделе и зеленчук, тогаш земете овошје за ужина, повторно со големина на тупаница. 

Кога станува збор за течности, потрудете се што почесто да избирате течности без шеќер и без калории, а водата, лимонадата, чајот и кафето се секогаш дозволени. 

За да останете витки, мора да размислите за зголемување на физичката активност. Ако комбинирате зголемена потрошувачка на енергија и помал внес на калории, резултатите нема да изостанат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни