За 90 секунди ограбена златарница во Сиетл, САД – полицијата трага по четири разборјници

Според извештаите на Еј-Би-Си њуз, меѓу украдените предмети се наоѓаат и часовници „Ролекс“ проценети на 750.000 долари

Вооружени со чекани, четворица разбојници со маски извршија грабеж во златарница лоцирана во западниот дел на Сиетл. Според извештаите на полицијата, тие успеале да одземат накит и скапоцени предмети со вкупна вредност од приближно два милиони долари, сето тоа за помалку од две минути.

Инцидентот се случил во четвртокот во попладневните часови. Видео надзорот снимил како осомничените, вооружени со чекани, ги кршат стаклените врати и ги испразниле шесте излози за само 90 секунди.

Според извештаите на Еј-Би-Си њуз, меѓу украдените предмети се наоѓаат и часовници „Ролекс“ проценети на 750.000 долари и синџирче со смарагди вреден 125.000 долари.

За време на разбојништвото, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и тејзер. За среќа, нема повредени. „Длабоко сме потресени како вработени. Продавницата ќе биде затворена извесно време“, изјави потпретседателот на семејната златарница, Џош Минаше.

Полициските сили пристигнале на местото на настанот веднаш по пријавата, но извршителите веќе побегнале со автомобил и во моментов се во бегство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни