Според наодите објавени во The Lancet Child & Adolescent Health, за една деценија во Англија бројот на примени млади луѓе на возраст меѓу 5 и 18 години се зголемил од приближно 24.000 во 2012 година на нешто помалку од 40.000 во 2022 година.
Студијата покажала дека над половина од приемите за ментално здравје се должат на самоповредување. За споредба, приемите од сите причини во медицинските одделенија се зголемиле за десет проценти.
„Зголемениот интензитет на приеми за ментално здравје претставува вистински предизвик и за пациентите и за нивните семејства и за персоналот што ги поддржува“, рече д-р Ли Хадсон од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и автор на студијата.

Според авторите , зголемената стапка на прием не е поврзана само со пандемијата COVID-19.
„Се разбира, од клучно значење е да се разберат факторите кои ги поттикнуваат овие презентации за подобра поддршка на менталното здравје на младите пациенти“, рече тој.
Зголемувањето на бројот на приеми било особено високо кај девојчињата на возраст меѓу 11 и 15 години којшто се зголемил повеќе од двојно за една деценија.

„Најдобар начин за справување со нарушеното ментално здравје е преку интервенирање за да се намали ризикот од развој на проблеми“, рече Имон Меккрори, професор по развојна невронаука и психопатологија на UCL.
„Овие важни наоди дополнително ја истакнуваат итната потреба за сеопфатна, стратегија за превенција на менталното здравје“, додаде тој.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на светско ниво, едно од седум млади луѓе на возраст меѓу 10 и 19 години доживува ментално растројство, со анксиозност, депресија и нарушувања во однесувањето.