Во последните 30 години, европските земји се соочуваат со големи промени во бројот на жители. И додека некаде бројот на жители расте, во други земји тој рапидно се намалува.
Во последните анализи во кои е направена споредба на бројот на жители во 1993 и 2023 година, се покажува дека Турција го зголемила населението за 49 отсто, Ирска за 47 отсто, Шпанија 23 и Швајцарија за 28 отсто, а Велика Британија за 18 проценти.
На врвот на листата земји кои го намалие своето население е Украина и тоа за 29 отсто, што и не зачудува со огледна војната, а веднаш зад неа е Бугарија со 24 отсто намалено население.
Од земјите во регионот, за 30 години населението во Хрватска се намалило за 16 отсто, во Босна и Херцеговина за 19 отсто, во Србија за 14 отсто, во Косово и во Албанија за 15 отсто.
Македонија пак, за изминативе 30 години изгубила речиси 10 отсто од своето население.