Промени во бројот на жители во европските земји во последните 30 години

За 30 години Македонија изгубила 10 проценти од свои жители

На врвот на листата земји кои го намалие своето население е Украина, за 29 отсто, што и не зачудува со огледна војната, а веднаш зад неа е Бугарија со 24 отсто намалено население.

Во последните 30 години, европските земји се соочуваат со големи промени во бројот на жители. И додека некаде бројот на жители расте, во други земји тој рапидно се намалува.

Во последните анализи во кои е направена споредба на бројот на жители во 1993 и 2023 година, се покажува дека Турција го зголемила населението за 49 отсто, Ирска за 47 отсто, Шпанија 23 и Швајцарија за 28 отсто, а Велика Британија за 18 проценти.

На врвот на листата земји кои го намалие своето население е Украина и тоа за 29 отсто, што и не зачудува со огледна војната, а веднаш зад неа е Бугарија со 24 отсто намалено население.

Од земјите во регионот, за 30 години населението во Хрватска се намалило за 16 отсто, во Босна и Херцеговина за 19 отсто, во Србија за 14 отсто, во Косово и во Албанија за 15 отсто.

Македонија пак, за изминативе 30 години изгубила речиси 10 отсто од своето население.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни