Семејното насилство врз жените не запира

Статистиките покажуваат дека семејното насилство во 2023 година е зголемено за околу 20 отсто во споредба со 2022 година.

Во вторникот во 20.00 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 18.20 часот во селото била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Н.(39) од Велес. Истата вечер во 23.15 часот во СВР Скопје, 40–годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.А.(50) од Скопје, кој и се заканил и со огнено оружје.

За жал, насилството врз жените редовно ги полни билтените на Министерството за Внатрешни работи, и состојбата од година во година е се по алармантна.

Статистиките покажуваат дека семејното насилство во 2023 година е зголемено за околу 20 отсто во споредба со 2022 година.

Само од јануари до септември 2023 година имало 1. 166 случаи на насилство во семејството, според податоците на Министерството за труд и социјална политика.

Во 2020 година имало 992 дела поврзани со семејно насилство. Бројките растат и во следните две години: 1.056 дела во 2021 и 1.117 дела во 2022 година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Во 2022 година регистриран е 61 случај на семејно насилство на 100.000 жители, што е пораст во однос на 2018, кога имало 53 случаи.

Според анализите на граѓанските организации, мал е бројот на пријави на семејно насилство, само околу 15 отсто од случаите се пријавуваат. Уште помалку завршуваат на суд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни