Рекет на тенисерот Рафаел Надал е продаден на аукцијата организирана од компанијата „Prestige Memorabilia“ за рекордни 157.300 долари, објави „ESPN“.
Токму со тој рекет Надал играше во финалето на Ролан Гарос во 2017 година, каде во три сета го победи Швајцарецот Стен Вавринка и по 10. пат во кариерата го освои турнирот.
Цената е највисока во историјата на продажба на тениски рекети на аукција.
Претходниот рекорд беше исто за рекет на Надал од финалниот меч на Австралија опен во 2022 година против Русинот Даниил Медведев, кој во Во 2023 година беше продаден на аукција „Sotheby’s“ за 139.700 долари.