За 12 отсто зголемени приходите од туризмот во Грција во периодот јануари – август

Приходите одтуризмот во периодот од јануари до август достигнале до 16,7 милијарди евра, зголемување што

 Приходите од туризмот во периодот јануари-август 2025 година за Грција се зголемиле за 12 проценти споредбено со истиот период лани и покрај тоа што бројот на посетители бележи пораст од само 4,1 отсто, согласно податоците на Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Приходите во конкретниот период достигнале до 16,7 милијарди евра, зголемување што, според Банката на Грција, се должи како на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 9,4 отсто, така и на зголемувањето на приходите од посетители од останатите земји за 14,9 проценти.

Од друга, во првите осум месеци од годинава Грција ја посетиле 25,9 милиони туристи, бројка што е за 4,1 отсто повисока споредбено со истиот период во 2024 година.

– Поконкретно, патничкиот сообраќај преку аеродромите забележа пораст од 4,2 отсто, додека преку копнените гранични премини се зголеми за 4,8 проценти. Во разгледуваниот период, бројот на патници од земјите членки на ЕУ изнесуваше 15,29 милиони, што претставува зголемување од 0,2 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, а патничкиот сообраќај од останатите земји порасна за 10,4 проценти, достигнувајќи 10,64 милиони посетители, пишува во извештајот од Банката на Грција.

Во август годинава, приходите од туризам се зголемиле за 10,5 проценти, а бројот на туристи бил за 8,1 отсто повисок.

Минатата година беше рекордна за туризмот во Грција со речиси 36 милиони туристи и приходи од 21,7 милијарди евра, додека пак очекувањата се дека оваа година земјата ќе постигне нов историски рекорд. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни