Зајачето со правосмукалката го насмеа Интернетот: „Сообраќајна несреќа фатена на камера“

Видео од зајаче и паметна правосмукалка го насмеа Интернетот. Некој сподели видео од зајак кој тивко седи на подот додека правосмукалката си ја врши работата околу него. Во еден момент правосмукалката поминува покрај зајакот и го врти за 180 степени. Зајакот не ни реагираше.

„Ужасна сообраќајна несреќа снимена на камера“, гласи описот на виралната снимка која собра повеќе од 4,5 милиони прегледи на Твитер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни