Од 26 до 30 мај повторно се случува „YES ФЕСТИВАЛ“ – во две посебни изданија:
– „Млади европски приказни, млади креативци“ – книжевен и творечки фестивал за деца и млади – од 26 до 28 мај во Младински Културен Центар и во објектите на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје. Креативни работилници, промоции и изненадувања
– OFF-програма на „YES ФЕСТИВАЛ“ – вечерни книжевни промоции на 28 и 30 мај – во кафе-книжарница Буква / Bookva
ПРЕТПРОГРАМА:
Во рамки на фестивалот „ YES ФЕСТИВАЛ! Млади европски приказни, млади креативци “, во објектите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“: централен објект, библиотеката „Другарче“ и библиотеката „Страшо Пинџур“ ќе се одржат креативни работилници за деца од основни училишта и градинки од затворен тип, поврзани со изданијата на „Чудна шума“
ПРОГРАМА ВО МКЦ: YES ФЕСТИВАЛ! Млади европски приказни, млади креативци.
26 МАЈ, ПОНЕДЕЛНИК
17:00 – 17:45 „Куќата на детството“, работилница посветена на оние кои многу одамна биле деца, издавачка куќа „Гаврош“, возраст: 4+
17:45 – 18:30 Работилница „Боите на виножитото“ со авторката Елена Граматикова, издавачка куќа „Чудна шума“, возраст: 4+
18:30 – Официјално отворање на фестивалот
18:30 – 19:30 Промоција на книгата и работилница „Шарен, бистар свет“ на авторката Јелена Никодиноска Чаповска и илустраторката Иванка НиБа, промотор: Ана Јовковска, издавачка куќа „Чудна шума“. Возраст: 4+
19:30 – 20:15 Промоција на книгата и работилница „Приказни од Sунливото Море“ на авторката Билјана С. Црвенковска и илустраторката Наталија Лукомска, промотор: Ана Јовковска, издавачка куќа „Чудна шума“. Возраст: 8+
20:15 Промоција на книгата „Хармоника-Картоника“ на Неше Рамовиќ и Владимир Лукаш и мини-концерт, издавачка куќа „Светулка“. Настан за деца и возрасни.
27 МАЈ, ВТОРНИК
17:00 – 17:45 Работилница „Облеката низ времето“ со Марија Николова, издавачка куќа „Светулка“, возраст: 4+
17:45 – 18:30 Работилница „ Куќичката на 7-те наџуџиња“ со Ана Голејшка Џикова и Иванка НиБа, издавачка куќа „Светулка“, возраст: 4+
18:30 – 19:15 Работилница „Приказна за виножитото“, издавачка куќа „Сказнувалка“, возраст: 6+
19:15 – 20:00 Работилница „Девојчето со форичката“ со Наташа Андонова, издавачка куќа „Светулка“. Возраст: 10+
28 МАЈ, СРЕДА
17:00 – 17:45 Работилница „Мишка“, издавачка куќа „Чудна шума“, возраст: 7+
17:45 – 18:30 Работилница „ Потрага по храброст“ со Биљана Стојановска и Владимир Лукаш, издавачка куќа „Чудна шума“, возраст: 4+
18:30 – 19:15 Работилница „Суштествата од дното на океанот“, издавачка куќа „Сказнувалка“, возраст: 7+
19:15 – 20:00 Работилница „Црното маче“ со Наталија Лукомска, издавачка куќа „Светулка“. Возраст: 4+
ВАЖНО:
За сите креативни работилници од отворен тип во МКЦ и во книжарницата Чудна шума е потребно пријавување на е-пошта: info@cudnasuma.com
Работилниците имаат ограничен број од 15 деца-учесници.
При пријавувањето ве молиме да го напишете името и возраста на детето и за кои работилници се пријавувате. Можете да се пријавите за повеќе денови и за повеќе работилници.