XXV недела на италијанскиот филм – „Патување“

На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија

XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ ќе се одржи од 9 до 14 јуни 2025 година. Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, промовиран од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) и Генералниот директорат за кинематографија и аудиовизуелни уметности при Министерството за култура, со организациска поддршка од Cinecittà.

На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија. Филмовите, сите дистрибуирани помеѓу 2024 година и првите месеци на 2025 година, се учесници на престижни меѓународни фестивали и добитници на значајни награди и признанија од критичарите и јавноста. Темата што совршено ги обединува насловите во програмата е патувањето: во буквална смисла со значење на пат кон родната земја или далеку од неа – но исто така и визуелното, внатрешно, егзистенцијално, временско или емоционално патување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни