Кинескиот технолошки џин Xiaomi ќе вложи најмалку 50 милијарди јуани (6,14 милијарди евра) во наредните 10 години во развој на сопствени чипови, изјави извршниот директор на компанијата, Леј Јун.
Овој најнов потег на кинеската компанија е дел од напорите да се зајакне домашната технологија додека трае трговскиот спор помеѓу Соединетите Американски Држави и Кина, кој резултираше со тоа што Вашингтон ја прекина достапноста на одредени полупроводници за кинеските компании, пренесе CNBC.