Xiaomi најавува нови уреди: Доаѓа и Xiaomi Tag локатор

Xiaomi ќе претстави нови уреди на MWC во Барселона, вклучувајќи Xiaomi 17, 17 Ultra, Pad 8, Xiaomi Tag локатор и UltraThin Power Bank 5000.

Xiaomi ќе одржи голем настан на 28 февруари во Барселона, пред почетокот на саемот MWC, каде што ќе ги претстави своите најнови уреди. Најавено е глобално лансирање на паметните телефони Xiaomi 17 и Xiaomi 17 Ultra, а потврдено е дека на сцената ќе се појави и новиот Pad 8 таблет.

Освен телефони и таблет, компанијата официјално најави и долго очекуваниот Xiaomi Tag, компактен локатор тежок само 10 грама, кој ќе им помогне на корисниците да ги следат своите предмети.

Покрај тоа, истовремено ќе бидат претставени и Redmi Buds 8 Pro слушалки, како и UltraThin Magnetic Power Bank 5000, преносна батерија со капацитет од 5000 mAh која поддржува безжично полнење од 15 W. Овој полнач се издвојува по својата екстремна тенкост од само 6 мм и лесната тежина од 98 грама.

Xiaomi веќе објави и видео најава за глобалната верзија на моделот Xiaomi 17 Ultra, што го зголемува интересот кај технолошките ентузијасти ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни