Xiaomi доби дозвола од следната година да произведува електрични автомобили

Xiaomi Corp го доби одобрението од кинескиот државен планер за производство на електрични возила, што претставува голем чекор кон целта на производителот на паметни телефони да произведува автомобили до почетокот на следната година.

Националната комисија за развој и реформи (NDRC), која ги регулира новите инвестиции и производствените капацитети во кинеската автомобилска индустрија, на почетокот на овој месец ѝ даде дозвола за производство на електрични возила на Xiaomi со седиште во Пекинг, велат луѓето. Потфатот на Xiaomi е само четврти од крајот на 2017 година што добива одобрение од NDRC.

Додека потегот на NDRC го доближува Xiaomi до масовно производство на електрични возила повеќе од две години откако првпат ги објави плановите, на потфатот сè уште му треба одобрение од Министерството за индустрија и информации (MIIT), кое ги проценува новите производители на автомобили и модели за техничките и безбедносните барања.

Дури потоа компанијата ќе влезе во кинескиот сектор за производство на автомобили во време кога најголемиот светски автомобилски пазар се бори со низа проблеми, вклучително и презаситеноста на капацитетот и забавувањето на побарувачката, кои поттикнаа ценовна војна и ги погодија маржите на добавувачите.

Xiaomi вети инвестиција од 10 милијарди долари во текот на една деценија во автомобилскиот бизнис и постави цел за масовно производство на своите први автомобили во првата половина на 2024 година. Но сепај постојат сомнежи дали овие термини може да бидат постигнати поради загриженоста за прекумерниот капацитет и забавувањето на побарувачката во секторот.

Планот на Tesla Inc за проширување на фабриката во Шангај допрва треба да биде одобрен, објави Ројтерс во јуни. И извори од индустријата претходно изјавија за Ројтерс дека американскиот производител на луксузни електрични возила, Lucid Group сака да произведува автомобили во Кина, но беше посочено дека можноста е мала.

Фабриката за електрични возила на Xiaomi е означена од општинската влада во Пекинг како важен проект за индустриска надградба.

Додека ги чекаше одобренијата, Xiaomi напредуваше во потфатот, завршувајќи ја изградбата на фабрички капацитети способни да произведуваат 200.000 возила годишно во Пекинг, според извештајот на државниот весник Beijing Daily во јули.

Xiaomi планира да произведе околу 100.000 електрични возила следната година. Тие, исто така, го забрзаа вработувањето работници за својата фабрика за електрични возила од минатата недела, бидејќи очекуваат од декември да започнат со производство.

Тежината на предизвиците со кои се соочува Xiaomi е очигледна во стапките на искористување на автомобилските фабрики во Кина.

Кинеските фабрики, вклучително и оние што произведуваат автомобили со мотори со внатрешно согорување, имаат капацитет да произведуваат 43 милиони единици годишно на крајот на 2022 година, но нивната сепак стапката на произведени возила е околу 54,5 отсто од вкупниот капацитет.

Но, Xiaomi, кој објави пад од 18,9% на најновите квартални приходи во мај, има свои причини за навлегување во пазарот електричните возила.

Тие прават диверзификација од својот главен бизнис со паметни телефони поради намалената побарувачка за гаџети. Продажбата на паметни телефони во Кина падна за 4% на годишно ниво во вториот квартал од 2023 година, достигнувајќи ја најниската цифра на продажба од 2014 година, според консултантската компанија Counterpoint.

Xiaomi планира да ги користи илјадниците продавници што ги има како салони за своите електрични автомобили, објави претходно Ројтерс.

Извршниот директор Леи Џун, кој рече дека влезот на Xiaomi во пазарот со електричните возила ќе биде неговиот последен голем претприемачки проект.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни