Имамоглу беше уапсен на 19 март, што предизвика најмасовни протести во Турција во последната деценија. Тој е ставен во притвор четири дена подоцна, додека чека судење за обвиненија за корупција, кои тој ги негира. Опозициските партии апелираа дека апсењето е политички мотивирано и не демократско.
Профилот на Имамоглу на „X“ има речиси 10 милиони следбеници. Турскиот адвокат Гоненч Ѓуркајнак соопшти преку „X“ дека, по барање на платформата, ги вложува своите приговори против судската одлука, додека деталите од самата одлука сè уште не се јавно достапни.
Анкетите покажуваат дека поддршката за Имамоглу по неговото апсење е зголемена, дури и поголема од онаа за Ердоган, што ја засилува претпоставката дека тој ќе биде главниот опозициски кандидат на претседателските избори во 2028 година.