,,X’’ ги блокира пребарувањата за Тејлор Свифт по објавата на експлицитни фотографии креирани со вештачка интелигенција

Социјалната мрежа „X“ ги блокираше пребарувањата за Тејлор Свифт по појава на експлицитни дипфејк фотографии од пејачката создадени со вештачка интелигенција.

Минатата недела, на апликацијата се појавија дипфејк фотографии од пејачката. Истите биле прегледани милиони пати, што предизвика тревога кај властите и обожавателите на пејачката.

Објавите и профилите што ги споделуваат лажните слики биле пријавени од нејзините обожаватели, кои ја преплавија платформата со вистински слики и видеа од неа, користејќи ги зборовите „заштити ја Тејлор Свифт“.

Фотографиите беа повод за „X,“ да даде изјава, во која велат дека објавувањето голотија без согласност на платформата е „строго забрането“.

„Имаме политика на нулта толеранција кон ваква содржина. Нашите тимови активно ги отстрануваат сите идентификувани слики и преземаат соодветни мерки против профилите одговорни за нивно објавување“, се вели во соопштението.

Овој проблем доби внимание и од Белата куќа, од каде ширењето на фотографиите генерирани од вештачката интелигенција го нарекоа „алармантно“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека треба да има законска регулатива за справување со злоупотребата на технологијата за вештачка интелигенција на социјалните медиуми и дека платформите исто така треба да преземат чекори за забрана на таква содржина на нивните сајтови.

Во моментов нема федерални закони против споделување или создавање дипфејк содржини во САД, иако има потези на државно ниво за решавање на проблемот.

Во Обединетото Кралство, споделувањето дипфејк порнографија стана нелегално како дел од Законот за онлајн безбедност во 2023 година.

Извор: X blocks searches for Taylor Swift after explicit AI images of her go viral – BBC News

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни