WWF го искористи ребрендирањето на Twitter за да испрати силна порака

Ребрендирањето на Твитер продолжува да биде во центарот на вниманието. Од промената на името до генеричкото лого, целиот процес беше хаосен. Видовме неколку големи брендови како се потсмеваат на името и логото на X, но WWF вешто го искористи за да пренесе многу посериозна порака.

Германскиот огранок на Светскиот фонд за природата користеше слика на која е прикажана еволуцијата на логото на Твитер низ годините, при што новото лого X претставува фатален крај. Иако нè потсетува на кризата со која се соочува дивиот свет, тоа е уште еден пример зошто ребрендирањето на Twitter како X е лошо.

WWF Германија работеше со агенцијата McCann Germany на графиката, која ја прикажува еволуцијата на логото на Twitter од 2006 година до денес. Твитер птицата го смени видот за време на тој процес.

Сепак освен прикажувањето на еволуцијата на птицата на Твитер, ваквата графика има сериозна порака, користејќи го наглото ребрендирање минатиот месец за да сигнализира каква би можела да биде иднината за многу видови птици, но и за други животни, ако не направиме повеќе за да ги заштитиме од губење на живеалиштето и ефектите од глобално затоплување. Покрај сликата пишува: „заштитете го нашиот див свет пред да биде предоцна“.

Извор: Creativebloq

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни