,,Without commercial value” настан посветен на сеќавање на Мето Ангелов во КСП Центар – Јадро

Настанот ќе отвори простор за повторно читање на неговата практика – истовремено интимна, експериментална и критички насочена.

На 3-ти април (петок), од 19:00 часот, во КСП Центар – Јадро, ќе се одржи настанот „Without Commercial Value“ – сеќавање посветено на уметникот Мето Ангелов.

Мето Ангелов (1977–2025), остави траг во современата визуелна култура преку неговите проекти како: „Ако не би било“, „Toasted bread“ и  „After party“. Работеше на пресекот меѓу уметноста, секојдневието и апсурдот.

,,Ова не е изложба на дела, туку изложба на нивното отсуство. Наместо објекти, присутни се нивните записи: видео, документација, дигитални траги како своевидна отворена архива. Во таа форма, практиката на Мето Ангелов се појавува како нешто што не може целосно да се фиксира – туку само да се повика, прелиста и повторно проживее” велат организаторите.

Настанот ќе отвори простор за повторно читање на неговата практика, истовремено интимна, експериментална и критички насочена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни