Who See со нов сингл „под прозор“ – љубовна комедија со стил

По летниот хит „Noćno kupanje“ и настапот со Manu Chao во Котор, црногорското дуо Who See се враќа со нова песна – „Pod prozor“, романтична комедија со хумор и урбан дух.

По успешниот летен хит „Noćno kupanje“ и незаборавниот настап со Manu Chao во Котор, Who See продолжуваат со нова музичка приказна. Нивниот најнов сингл „Pod prozor“, објавен под етикетата Klapa Muzik, е романтична комедија спакувана во комедичен музички видео запис.

Овојпат, Dedduh и Noyz ни прикажуваат Who See во поинакво издание – полни со љубовни дилеми, фрустрации и урбани перипетии што на духовит начин ја претставуваат машката перспектива на љубовта. Песната носи свеж, мелодичен звук со препознатливата енергија на дуото, а видеото е визуелен хибрид на хумор, пародија и романса.

Во спотот се појавуваат бројни регионални ѕвезди од урбаната сцена – Vojko V, Seksi, Ajs Nigrutin, Edo Maajka, Timbe, Vaso Bakočević, Wikluh Sky, Bigru, Nigor, Django Hi-Fi, како и членовите на Termo-Elektro и DJ Mono. Режијата ја потпишува Noyz, додека музиката е дело на Dedduh.

„Pod prozor“ е втор сингл од низата што Who See ја подготвуваат за следниот период, продолжувајќи да го градат својот препознатлив баланс меѓу сатирична урбана лирика, регионален шарм и заразен грув.

Песната може да ја слушнете овде.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни