Oд 8 до 10 август ќе се одржи еден од омилените летни фестивали ,,When in Krusevo” со многу новости и авантури кои ќе ја збогатат летната понуда на градот. Во рамките на „When in Krusevo“ ќе бидат организирани низа активности, според следната агенда:
Петок 08.08.2025
16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите. 18:00 Chillout zone на Крушевско езеро
18:00-20:00 Детски фестивал СИДО, Летна сцена Гумење 21:30 Официјално отворање концерт Трето Колено, споменик “Илинден”
23:00 – 01:00 Забава на отворено Revelation, споменик “Илинден”
01:00 – 02:30 Bapchu
Сабота 09.08.2025
07:45 Планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение)
09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
12:00-18:00 Дневни активности: 12:00 Забава на отворено Estephano, (Ресторан Алто, Станиќ) 12:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone – Ресторан Алто, Станиќ
13:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
17:00 Промотивен тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки Biathlon 4all, Гумење
22:00 – 23:30 Забава на отворено, Мемфис Мафија, Градски парк
23:30 – 01.00 ДУПЕР, градски парк
01:00 03.00 DOMENICO TALESA Градски парк
Недела 10.08.2025
10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
11:00 – 14:00 Дневни настани
11:00 Инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк)
11:15 Музички настап на социјално ранливи лица
11:30 Театарска претстава
11:30 Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
16:00 Еко акција, ресторан Алто, Станиќ
18:00 Затворање на фестивалот
Со карта од 700 денари се добива фестивалска маичка, пакет производи од спонзори, бесплатни концерти, бесплатен тренинг во биатлон, бесплатни велосипедски и планинарски тури, бесплатни музеи и повластени цени за дел од активностите. Параглајдинг тандем 3000 денари со обучени параглајдерсти, кајак 400 денари, јавање на коњи 1200 денари, камп 300 денари и адреналински парк.
Организаторот го задржува правото да изврши евентуални корекции и измени на програмата на фестивалот. Имињата на изведувачите ќе бидат дополнително дефинирани согласно обезбедениот буџет.
Покровител НУ ЦК Десет Дена Крушевска Република – Крушево