WhatsApp тестира нова функција која им овозможува на корисниците да дозволат споделување на нивните статуси. Функцијата моментно е достапна во бета верзијата на Android апликацијата, што значи дека ќе биде достапна за сите за неколку недели.
Како што дознава WABetaInfo, споделувањето статуси ќе биде исклучено по дифолт, што значи дека корисниците ќе мора рачно да го овозможат споделувањето за секоја објава. Кога некој ќе сподели статус, корисникот ќе добие известување, но оние што ќе го видат нема да знаат кој е оригиналниот автор, што е начинот на кој WhatsApp ја штити приватноста на корисниците.
Она што е особено интересно е што ако некој повторно сподели веќе споделен статус, оригиналниот автор нема да добие известување, туку само првиот корисник што го споделил. Погледнете како ќе изгледа ова во пракса на сликата од екранот што ја прикачуваме.
