WhatsApp со нова можност, за која корисниците не беа ни свесни дека ја нема

WhatsApp воведе новина за која корисниците коментираа дека не им се верува оти тоа не постоело досега.
Фото: Christoph Scholz/Flickr

Со последното ажурирање WhatsApp овозможува да креирате „нацрти“, односно неиспратените пораки да останат запаметени за да се навратите на нив подоцна.

Пораките кои сте започнале да ги пишувате, но не сте ги испратиле ќе бидат одбележани со зелено и болдирано „Draft“,. Вака, ќе може да се навратите на нив и да ги допишите или да ги испратите доколку сакате подоцна.

Нацрт пораките ќе се наоѓаат најгоре на листата на разговори во апликацијата, па нема да мора да скролате за да ги најдете пораките што сте ги започнале, но не сте ги завршиле.

Според најавите оваа можност е веќе достапна за сите корисници, низ цел свет, а доколку се уште ја немате обидете се да ја ажурирате апликацијата.

WhatsApp во јули објави дека има 100 милиони активни месечни корисници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни