WhatsApp воведе нов тип профили управувани од родители, наменети за помлади тинејџери. Функцијата се воведува глобално и носи дополнителни алатки со кои се ограничува користењето на апликацијата само на пораки и повици.
За да се поврзат профилите, родителите ќе треба да имаат свој телефон и уред што го користи детето. Двата уреди треба да бидат поставени еден до друг за да се поврзат профилите.
Откако профилот ќе биде под родителска контрола, родителот може да одлучи кој може да го контактира детето и во кои групи може да се приклучи. Дополнително, родителите ќе можат да ги прегледуваат барањата за пораки од непознати контакти и да управуваат со поставките за приватност, соопшти WhatsApp.
За да се активира родителски профил, потребно е WhatsApp да се инсталира на уредот на детето, а потоа да се избере опцијата „Креирај профил управуван од родители“ од менито „Повеќе опции“.
Потоа родителот го внесува датумот на раѓање на детето и го скенира QR-кодот за да го поврзе профилот на детето со својот профил. Во процесот се поставува и шестцифрен ПИН.
Новите родителски контроли се заштитени токму со тој ПИН на уредот што го управува профилот. Само родителите ќе имаат пристап до нив и ќе можат да ги менуваат поставките за приватност.
Од компанијата велат дека овие алатки треба да им помогнат на семејствата подобро да го приспособат искуството на користење на апликацијата и да обезбедат побезбедна комуникација за помладите корисници.