We Balkans oбјави повик за апликации за мрежата на Младите европски амбасадори

Мрежата на МЕА е отворена за млади од различни средини, со разни интереси и пасии

На веб-страницата WeBalkans е објавен е новиот повик за апликации за мрежата на Младите европски амбасадори.

Повикот е отворен до 31 октомври.

Платформата „Млади европски амбасадори“, велат од Europe House. е енергична мрежа која ја сочинуваат млади активисти од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.„Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но ги обединува заедничката визија за Западен Балкан обединет со разноликост, меѓусебно разбирање и соработка со Европската Унија.

Мрежата на МЕА е отворена за млади од различни средини, со разни интереси и пасии. Секој потенцијален млад европски амбасадор носи со себе визија – и без оглед на тоа дали станува збор за визија за придонес кон зелена трансформација на заедницата, развој на нов софтвер, застапување на човековите права или одгледување органска храна на семејната почва, секој потенцијален млад европски амбасадор придонесува кон разноликоста и унапредувањето на заедницата“, велат од Europe House.

На повикот можат да се пријават сите млади на возраст од 18 до 29 години кои доаѓаат од Западен Балкан. Дополнителните критериуми, како и вредносните критериуми се достапни на апликантите на страницата СтаниМЕА.

Со цел да им помогне на кандидатите при процесот на аплицирање, е најавено дека WeBalkans ќе организира Отворени денови на МЕА ширум регионот, за време на кои членовите на мрежата ќе споделуваат корисни информации за мрежата на МЕА и ќе им помогнат на кандидатите успешно да аплицираат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни