На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како Шаја Лабаф лежи гол до појас и повреден на улица, откако претходно бил физички нападнат. На снимката се гледаат траги од повреди и шокирачка состојба, што предизвика лавина реакции кај корисниците.
Полицијата брзо интервенираше по пријавата за настанот и го лиши од слобода Шаја Лабаф, кој е осомничен за учество во инцидентот. Засега не се објавени дополнителни детали за причините за нападот, ниту за официјалната верзија на обвинението.
Институциите најавија дека истрагата е во тек и дека ќе бидат преземени сите потребни активности за целосно расчистување на случајот, со цел да се утврдат околностите околу нападот и одговорноста на учесниците.