Вулканот Сакураџима еруптираше: Исфрли пепел и чад над 4 километри (ВИДЕО)

Вулканот Сакураџима на главниот западен остров на Јапонија, Кјушу, еруптираше повеќе пати во неделата, исфрлајќи чад и пепел до 4,4 километри во воздух

Вулкан на главниот западен остров на Јапонија, Кјушу, во неделата еруптираше повеќе пати, исфрлајќи облак од чад и пепел до 4,4 километри во воздух и предизвикувајќи десетици откажувања на летови.

Вулканот, наречен Сакураџима и сместен на јужниот врв на Кјушу во близина на градот Кагошима, еруптираше околу 1 часот наутро (16:00 часот по Гринич во сабота), соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). Имаше уште две ерупции околу 2:30 и 8:50 часот наутро.

Ова е првата ерупција што достигна четири километри или повеќе за речиси 13 месеци, објави новинската агенција Кјодо.

Локалните медиуми, исто така, објавија дека 30 летови поради пепелта се откажани, до и од аеродромот Кагошима.

JMA соопшти дека по последната ерупција вулканската пепел се поместила кон североисток и очекува пепелта да падне во Кагошима, како и во блиската префектура Мијазаки.

Сакураџима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а ерупциите со различен интензитет се случуваат редовно. Во 2019 година, исфрли пепел до висина од 5,5 км.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни