Вулканот на Санторини се менува, расте стравувањето за туристичката сезона

Санторини на Грција и носи 2,5% од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.

Промените на вулканската активност на грчкиот остров Санторини, една од главните туристички атракции во светот, се последица на земјотреси кои траат во архипелагот на Кикладски острови, изјави професор по геологија, Танасис Ганас, директор на Националната опсерваторија од Атина.

Атинската ТВ СКАИ пренесува дека во споредба со мерењата од пред шест месеци, во август 2024, било утврдено дека нивото на вулканот се подигнало за четири сантиметри и дека се проширило кон исток и запад за шест сантиметри.

„Не можам да кажам дека тоа е алармантно, но тоа е важна промена и треба да ја следиме“, рекол Ганас.

Тие промени, објаснил тој, се резултат на подигнување на магмата од длабочината на Земјата до магматската комора, која се наоѓа три километри под кратерот на вулканот на Санторини. Првичните мерења покажуваат дека има повеќе магма за пет милиони кубни метри, додека во последната криза на активноста на вулканот во 2011-2012, се зголемила трипати повеќе – на 15 милиони кубни метри, па треба да продолжи следењето за да се види како ќе се развива ситуацијата.

На Санторини е регистрирано повеќе од 15.000 земјотреси, чиј епицентар бил блиску, под морето, од кои најсилните биле над пет степени по Рихтерова скала, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можно да се случи и потрес со јачина од шест степени.

Додека од Санторини заминале повеќе од 12.000 од вкупно 15.000 жители, расте стравувањето за туризмот, кој за овој остров со повеќе од три милиони гости годишно е главен извор на приход.

Додека некои угостители сè уште работат, за сега е откажано пристигнувањето само на еден брод за крстарење, но има и помалку резервации за сместување, рекол за BBC Андонис Пагонис, претседател на Здружението на хотелиери на Грција.

Санторини во голема мера се потпира на сезонски работници од други делови на Грција и странство, но сè уште не се знае колку од нив ќе пристигнат.

Санторини на Грција и носи 2,5% од бруто домашниот производ (БДП) – 5,9 милијарди евра годишно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни