Вулканот Килауеа кој се наоѓа на Хаваите повторно исфрла лава

Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, повторно почна да исфрла лава на Големиот остров во тој архипелаг, објавија денеска американските медиуми.

Овој вулкан, на околу 320 километри од главниот град Хонолулу, исфрла лава наизменично речиси два месеци, од 23 декември, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Засега ниту едно населено место не е во опасност да биде зафатено со лавата. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни