Вулканот Кључевској на рускиот полуостров Камчатка денес исфрли пепел на височина до девет километри, соопшти Камчатскиот огранок на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науки.
Претходно беше објавено дека во моментов пет вулкани на Камчатка се активни: Кључевској, Шивелуч, Каримски, Безимени и Камбални, пренесе Интерфакс.
Руските власти препорачаа на локалното население и посетителите на регионот да се воздржат од патувања и планинарење во радиус од 10 километри од овие вулкани поради можни опасности.
Извор: Танјуг