Вучиќ најави избори во Србија оваа година

Претседателот вели дека гласањето најверојатно ќе се одржи наесен и не ја исклучува можноста за истовремени парламентарни и претседателски избори

Александар Вучиќ денеска изјави дека во текот на оваа година ќе се одржат избори во Србија, при што како најверојатен термин ги посочи месеците октомври или декември.

„Одиме на избори оваа година. Мислам дека изборите ќе бидат наесен, тоа е поверојатна опција“, изјави Вучиќ во гостување на Телевизија Блиц.

Тој додаде дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка од функцијата претседател, со што би се отворил простор за истовремено одржување на парламентарни и претседателски избори.

Во истото гостување, Вучиќ се осврна и на случајот „Генералштаб“, нагласувајќи дека е подготвен да преземе целосна одговорност.

„Јас имам апсолутна одговорност за случајот ‘Генералштаб’ и чекам да поднесат обвинение против мене. Нема да си дадам помилување – ќе им го дадам на сите други, но не и на себе“, изјави српскиот претседател.

Изјавите доаѓаат во период на зголемени политички тензии и јавни дебати околу можните изборни сценарија и одговорноста на институциите во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни