Вучиќ за пријавата за „Сараевски сафари“: Лажни обвинувања, никогаш немав снајпер или пушка

Аферата се однесува на тврдења дека во 1990-тите, за време на четиригодишната опсада на Сараево, странски државјани меѓу кои и Италијанци плаќале за да учествуваат во снајперски напади врз цивили.

Минатата недела миланските обвинители отворија истрага со цел да ги идентификуваат Италијанците наводно поврзани со случајот, осомничувајќи ги за намерно убиство со квалификувачки околности на суровост и ниски побуди. Според истрагата, т.н. „снајперски туристи“ плаќале високи суми на припадници на силите на Радован Караџиќ за да бидат однесени на околните ридови, каде, како што се тврди, пукашeле по граѓаните на Сараево.

Истрагата произлегува од кривичната пријава на миланскиот писател Ецио Гавацени, кој претходно доставил материјали и докази до обвинителството, како и од информациите што ги доставила поранешната градоначалничка на Сараево, Бењамина Кариќ. Во средата, Маргетиќ поднел и посебна пријава во која го наведува Вучиќ како одговорен.

„Сѐ е лага“, тврди Вучиќ

Претседателот на Србија денеска во изјава за провладиниот „Информер“ ги нарече обвинувањата „конструкции и невистини“.

„Поднесоа обвинение против мене дека сум извршил геноцид во БиХ. Нивното обвинителство го отфрли тоа. Тогаш зборуваа за Сребреница, повикувајќи се на текстови од Милован Бркиќ и домашни лажговци. Ова сега е посериозно организирано. Со вакви лаги настапуваат во тешки моменти за Србија,“ изјави Вучиќ.

Тој додаде дека зад обвиненијата стои „поширока игра“ и постави прашање како ваквите тврдења би можеле да влијаат врз интересите на Србија.

„Како ќе ни помогнат Арапите околу НИС ако мислат дека сум убивал муслимански деца?“ рече тој.

Вучиќ категорично ги негира тврдењата:

„Никогаш немав снајпер, немав пушка. Имам стотици сведоци, сите тоа го знаат.“

Тој се осврна и на медиумските написи за него, тврдејќи дека „Билд“ објавил прашалник за случајот, а дека „Телеграф“ го објавил одговорот на Сузана Вучиќ, но со заматени делови. Маргетиќ го нарече „никој и ништо“ и оцени дека е лага тврдењето дека неговата ќерка живее во стан од 300 квадратни метри.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни