Српскиот претседател Александар Вучиќ е највисокиот шеф на држава во историјата, објави Твитер профилот „World of Statistics“. Со своите 199 центиметри, Вучиќ се наоѓа на листата пред поранешните француски и црногорски претседатели, Шарл де Гол и Мило Ѓукановиќ кои биле високи 196 центиметри.
Помеѓу највисоките шефови на држави објавена на оваа листа се наоѓаат и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и Фидел Кастро од Куба со висина од 190 центиметри.
Актуелниот американски претседател, Џо Бајден е висок 182 центиметри, додека рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володомир Зеленски се високи 170 центиметри.
Од друга страна, како најниски шефови на држави на листата се наведени Бенито Хуарез од Мексико, кој бил висок само 137 центиметри и поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад со 157 центиметри.
Твитер профилот „World of Statistics“ објавува интересни статистички податоци, во кои ја претставуваат ситуацијата во светот од необични агли, но со прецизни бројки.