Второто издание на меѓународната студентска филмска платформа ХАЈ-ФАЈ е закажано од 30 мај до 1 јуни.
„Покрај официјалната селекција на студентски филмови од регионот, ќе гледаме и специјална проекција на „Живот даске“ во режија на Леона Јариќ и долгометражниот „ХАЈ-ФАЈ“ во режија на Владимир Блажевски – нашиот драг професор, кој е главна инспирација за оваа иницијатива. Дополнително ќе најавиме едукативна и музичка програма“.
*Влезот за сите настани е слободен.
#HIFI е поддржан од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултетот за драмски уметности, МКЦ – Скопје, ФЕИТ и Машински факултет.