Второпласираниот му го скрши трофејот на победникот во Формула 1

Фото: Francois Nel/Getty Images

За време на церемонијата за доделување на трофеите и прскање со шампањ по трката за ГН на Унгарија во Формула 1 изминатиот викенд, второпласираниот возач, Ландо Норис, обидувајќи се да го „пукне“ шишето со шампањ го падна и скрши трофејот на победникот, Макс Верстапен.

Норис има навика да го удира шишето со шампањ од подиумот пред да почне да прска и тоа го направи и овој пат. Но на подиумот во Будимпешта, каде што пехарите кои најдобрите возачи ги добиваат се изработени од порцелан, падна трофејот на победникот и се скрши.

И покрај ваквиот инцидент, сепак прославата продолжи, а возачите само се пошегуваа со целата ситуација.

Од тимот на Норис, Мекларен по завршување на церемонијата се пошегуваа со нивниот возач и покрај пехарот кој тој го доби за завршувањето на второ место оставија порака „Трофејот е лабав на дното. Ракувај внимателно“.

Инаку, ова беше деветта победа за Макс Верстапен во 12 трки оваа сезона со што тој е убедливо на врвот на табелата кај Ф1 возачите. Кај конструкторите пак, тимот на Верстапен, Ред Бул има 12 од 12 победи со што постави рекорд за најмногу последователни победи во историјата на Ф1.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни