Второто официјално издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ 2024 ќе се одржи на 11 Јули, пред Офицерскиот дом-КИЦ Битола со почеток во 21.00 ч. Влезот е слободен.. Фестивалот носи нови хитови, за нови љубови.
Ќе настапат реномирани музичари од македонската сцена, меѓу кои Софија Кочевска, група Деспина, група Фросина, Трио Џентлмен, Мишко Крстевски, Нино Величковски, Наде Талевска и многу други.