Второ издание на „Your Network is Your Net Worth“: Младите претприемачи од Балканот ќе се вмрежуваат за нови можности

Во Македонија по втор пат ќе се одржи престижниот настан „Your Network is Your Net Worth“, кој веќе стекна репутација како еден од најважните настани за млади претприемачи во регионот. Настанот ќе се одржи денес, на 4-ти октомври во Трибека Кафе, ТЦ Diamond, од 15 до 18 часот и истиот претставува совршена платформа за вмрежување и создавање нови деловни можности.

Организиран од Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising од Македонија, во рамките на проектот „Balkan Entrepreneur Bridge“, настанот го обединува претприемачкиот потенцијал на Балканот. Во соработка со Униите на млади претприемачи од Црна Гора и Србија, настанот ја комбинира забавата со едукацијата, притоа овозможувајќи младите претприемачи да се запознаат, соработуваат и создадат значајни деловни врски.

Програмата на настанот:

  • BEB Talk: Панел дискусија на тема „Можностите за младите претприемачи на Балканот и значењето на регионалната соработка.“ Меѓу панелистите се истакнуваат:
    • Ивона Трајановска, претседателка на Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising,
    • Урош Буалтовиќ, претседател на Унијата на млади претприемачи на Црна Гора,
    • Александар Горачинов, директор на SME Хаб Србија.
    Оваа дискусија ќе фрли светло на предизвиците и можностите кои ги носи регионалната соработка за младите претприемачи, поттикнувајќи ги на развој и иновации.
  • Театарски перформанс: Хумористичниот перформанс „Успешен претприемач“ од актерите Марија Лазарова и Јасмин Рамани од Театарот „Отпишани“ ќе понуди реалистичен и забавен поглед на патот на младите претприемачи во регионот, истовремено пренесувајќи важни пораки за упорноста и креативноста што им се потребни за успех.
  • Q&A со Аватар: Уникатна можност за сите присутни да постават прашања поврзани со бизнис стратегии и претприемништво на специјално создаден Аватар со вештачка интелигенција, што ќе овозможи иновативен и интерактивен дијалог со идните лидери на бизнис светот.
  • Музика и забава: Настанот ќе биде заокружен со музички настапи на Лара Иванова и DJ Дарко Irie Scratch, кои ќе се погрижат за енергична атмосфера, додека гостите ќе можат да уживаат во специјалитетите на Scoop Artisan Gelato.
  • Наградна игра: За дополнителна забава, настанот ќе вклучува наградна игра со вредни подароци и ваучери од членовите на Унијата Phoenix Rising.

Потпишување договор за соработка

Во рамките на настанот ќе биде потпишан и значаен договор за соработка помеѓу Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising и Start Up Club Skopje. Ова партнерство има за цел да ја поттикне иновативноста и стартап културата во Македонија, создавајќи нови можности за развој на стартапи и млади претприемачи.

Поддржувачи

Настанот е поддржан од престижни институции и компании како Western Balkans Fund, ЕБРД, Халк Банка и RECONOMY, кои го препознаа значењето на оваа иницијатива за младите претприемачи на Балканот.

Настанот „Your Network is Your Net Worth“ претставува ретка можност за младите претприемачи да се вмрежат, да научат нови бизнис стратегии и да го прошират својот деловен потенцијал, како во Македонија, така и пошироко на Балканот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни