Второ издание на Перформанс Платформа Фестивал (ППФ) 2025

Програмата исцртува уметнички, телесни и политички терени за метаморфоза, меѓузависност и противречностите на грижата“ велат организаторите

Локомотива – Центар за нови инивијативи во културата и уметноста во октомври и ноември по втор пак го организира на Перформанс Платформа Фестивалот (ППф) 2025.  

„Второто, есенско издание на ППф 2025, го продолжува нашиот феминистички кураторски пристап на споделување ресурси и поврзување различни практики, соработки и гласови од локален и меѓународен контекст. Додека јунското издание се одвиваше низ плуриверзален кураторски поглед обликуван од еко-феминистички перспективи, есенската програма го насочува погледот кон итноста и сложеноста на репродукцијата, со-живеењето и колективните иднини.

Програмата исцртува уметнички, телесни и политички терени за метаморфоза, меѓузависност и противречностите на грижата“ велат организаторите.

Ова издание ќе го претстави перформансот BLISS на полската кореографка Рамона Нагабчињска, кој ја третира бременоста како трансформативна и несигурна состојба, како и мајчинството. Таа ќе одржи и работилница на тема Image, Matter, Presence, на која учесниците ќе го истражуваат судирот меѓу сликата, сензацијата и телесноста.  Перформансот и работилницата се случува во соработка со бројни партнери како дел од проектот (M)others on tour.

На програмата е и CODOMESTICATION на Крот Јурак и Алекс Бејли (Естонија/Велика Британија, во моментов живеат и работат во Австрија) – перформанс првично создаден заедно со нивното мало дете, а во октомври ќе се пренесува и  се претставува преку работилници и испробувања како дел од турнејскиот концепт showing without going, во рамки на проектот „(M)others on tour“. Во Северна Македонија, делото ќе го изведе Симона Спировска заедно со своите деца. Преку алтернативни модели на циркулација, CODOMESTICATION преосмислува како перформансот може да се внедри во локалниот контекст без потреба од постојани турнеи со физичко присуство.  Претставата премиерно ќе се претстави во Ноември. Датумот ќе биде објавен наскоро.

Дел од програмата ќе се надогради на пролетното издание, надоврзувајќи се на (не)конференцијата „(Еко)Феминизам во практиката/ите: преосмислување на уметноста и кураторските иднини“, и ќе се прошири во фанзин замислен како водич, или „вежбанка“ за идни соработки и континуирано ангажирање со истражените теми. Во овој дел од програмата, ќе се одржи и сесија „фанзин во процес“, каде авторите заедно со уредниците Биљана Тануровска – Ќулавковски и Нефели Ѓоти и дизајнерката Софија Цветковиќ ќе минат низ отворен процес за заедно  да го финализираат фанзинот. На ваков начин  свесно ќе го отвори процесот на ко-креирање кон јавноста, повикувајќи за заедничко авторство, коментари и учество во обликувањето на финалната форма како колективен гест.

Есенската програма го поставува телото како простор на трансформација, противречност и можност – од метаморфните состојби на бременоста, мајчинството, пореметувањето на телесната слика, до колаборативните преосмислувања на трудот преку заедничко родителство, создавање фанзин или замислување иднина. Овие дела заеднички ја продолжуваат посветеноста на ППф кон феминистички и плуриверзални практики, поставувајќи го прашањето: Како перформансот може да ги преосмисли условите на живеење, грижа и создавање – поинаку?

Викторија Илиоска и Биљана Тануровска-Ќулавковски, кураторки на фестивалот.

ПРОГРАМА:

9 октомври 2025 @ МКЦ

12.00-16.00 @ Џебно кино
Сесија „фанзин во процес“ – отворена работилница, заедничко промислување, повик за заедничка изработка на фанзин поврзан со (не)конференцијата „(Еко)Феминизам во практиката/ите: преосмислување на уметноста и кураторските иднини“.

20.00 @ МКЦ
BLISS танцов перформанс на Рамона Нагабчињска  
Разговор со Ирена Цветковиќ, независна истражувачка во областа на родовите студии

10 октомври 2025 @ Факултет за драмски уметности

15.00-17.00 Image, Matter, Presence – работилница со Рамона Нагабчињска, дел од програмата КУЛТРЕНИНГ со студенти и професионалци   

Датумите во ноември ќе бидат објавени наскоро

CODOMESTICATION со Симона Спировска и нејзиното семејство, во рамките на концептот showing without going на Крот Јурак и Алекс Бејли.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни