Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“

Средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани.

Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 во организација на „Литература.мк“.

Оваа година, со 15 уникатни настани во „Литература.мк“ во Дајмонд мол, фестивалот нуди спој на литература, музика, театар, дизајн и филм.


Средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани.

Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk, а наскоро и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Со секоја влезница следува подарок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни