Второ издание на Деновите на поезијата во Скопје Сити Мол

Свеченото отворање на второто издание на Деновите на поезијата ќе се одржи денеска со почеток во 18 часот пред главниот влез на Скопје Сити Мол.

Во рамките на манифестацијата која е во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол ќе бидат одбележани значајни јубилеи од историјата на македонската поезија, меѓу кои 215 години од раѓањето на Димитар Миладинов, 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.

По одбележувањето на јубилеите, Никола Ристановски и Игор Џамбазов, со придружба на Петар Ренџов, ќе изведат и ексклузивен поетски перформанс под наслов „Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки“.

Во наредните денови ќе се одржат дискусии, дебати и поетски перформанси, а новитет оваа година е „Отворената поетска сцена“, која им овозможува на посетителите сами да рецитираат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни