Второ гостување на „Грета“ во Народен Театар „Војдан Чернодрински“

„Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес.

Второ гостување на претставата „Грета“ во продукција на Театар „Златен Елец“ – Скопје во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп на 8 октомври (вторник) со почеток од 20 часот.

Претставата „Грета“ е работена според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете. Режијата и адаптацијата се на Тамара Стојаноска, а играат: Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски. Музиката е на Лука Тошев, а вокал е Дина Јашари. Дизајнер на плакат, маски и портрети е Бојана Цилевска, а идејата за сценографија е на Тамара Стојаноска. Продукцијата е на Театар „Златен Елец“ – Скопје.

Димитрина Мицкоска Трајкоска ја доби наградата за најдобра женска улога на интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино, 2022.

„Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати – велат од театарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни